Свет
1. July 2018 - 10:10

Еден повик менува се: Еве како Трамп го реши проблемот со прескапата нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп ги објави детали на  телефонскиот разговор со кралот на Саудиска Арабија. 
 
- Токму сега зборував со кралот на Саудиска Арабија и му објаснив дека поради немирите и дисфункционалноста во Иран и Венецуела, барам од Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта, можеби на два милиони барела, за да се надокнади разликата... Превисока цена! Тој се согласи, ова го напиша Трамп на Твитер. 
 
 
Меѓутоа, нешто повеќе од еден час подоцна, државната новинска агенција ја објавила веста за телефонскиот разговор меѓу Салман и Трамп, но без наведување на детали. 
 
- За време на разговорот, двајцата лидери ја нагласиле потребата за одржување на стабилноста на пазарот на нафтата и растот на глобалната економија, се наведува во соопштението кое го објавиле саудиските медиуми. 
 
Исто така додаваат дека Трамп и Саламан се сложиле дека земјите кои произведуваат нафта, треба да компензираат било каков потенцијален недостаток на испорака.