Македонија
14. December 2019 - 16:37

Еден потешко повреден и 10 затруени во пожар во Тетово

 Еден маж потешко повреден со изгореници од четврт степен, а 10 лица затруени од чад се последиците од пожарот што се случи денеска околу 11:00 часот во еден стан во зграда на улицата „Димо Гавровски Кара“ во Тетово. Тешко повредениот  е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

– Од Брза помош ни донесоа 11 лица. Во одделот хирурки болести е доставен пациент со тешка општа состојба со изгореници од 4-те степен по што веднаш е префрлен со возило од Клиничка болница Тетово со реаниматолог и техничар до ургентен центар на Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Во интерно одделение се примени шест жени и четворица мажи со инхалаторно труење од чадот, во лесна состојба. После симптоматска терапија и опсервација пуштени на домашно лекување, изјави д-р Бобан Вучески дежурен лекар во интерниот оддел при Клиничка болница Тетово.

Според сведочењата на станарите пред пожарот се слушнала силна екплозија за која сметаат дека е од плинска боца.