Свет
11. February 2017 - 18:35

Еден полицаец загина за време на протестите во Багдад

Еден полицаец загина, а седум се повредени во Багдад при судир со демонстрантите, приврзаници на влијателниот шиитски верски лидер Муктада ал Садр.

Ирачката полиција употреби солзавец против демонстрантите кои бараат одржување на локални избори до крајот на годината, како што е планирано.

Дел од ирачките политичари бараат одложување на локалните избори поради судирите со припадниците на Исламска држава.