Македонија
14. August 2020 - 11:30

Еден починат и еден тешко повреден во сообраќајка кај Пробиштип

Вчера околу 19 часот било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Ратвици, на место викано „Леговец“, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Скопје, излетало од патот и се превртело, информираат од МВР.

Во незгодата, на местото на настанот починал сопатникот Ф.С.(24) од Скопје, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.