Македонија
13. јуни 2019 - 16:33

Еден од возачите кои загинаа кај Драчево имал 16 казни за пет месеци

Трагите од истеченото гориво и остатоците од автомобилите останаа да сведочат за тешката сообраќајна несреќа која се случи синоќа на патот Пинтија – Драчево. Во директен судир на голф и пежо на лице место загинаа 21 годишно момче од Батинци и 48 годишен жител на Драчево. Само годинава еден од загинатите имал дури 16 казни за брзо возење а синоќа автомобилот го управувал со 160 километри на час.  

-Еден имал 16 казни за брзо возење а од јануари до мај на булњеварот Борис Трајковски се изречени 369 казни за брзо возење, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

На 100 метри оддалеченост од синоќешната несреќа, пред само еден месец при сурид на рено во камион за отпад загинаа пет луѓе. Возењето по Борисд Трајковски е опасно и за возачите и за пешаците, велат вработени во фирмите покрај патот.

-Не е безбедно ич, возат многу брзо, никој не внимава, вели вработена во фирма.

Стенд уп-На булеварот Борис Трајковски пред влезот во Драчево за неполн месец во две тешки сообраќајни несреќи загинаа 7 лица. Според полициската евиденција, на овој патен правец месечно пишуваат по околу 100 казни за брзо возење, но епилог очигледно нема.

Министерот Спасовски преку законски измени ќе поставува безбедносни камери за сообраќајните прекршоци а скопскиот градоначалник најави реконструкција на булеварот Борис трајковски по завршување на постапката за имотно правните односи.