Свет
3. November 2017 - 13:07

Еден од притворените каталонски лидери плати кауција

Санти Вила, еден од притворените каталонски лидери, плати кауција и може да излезе од затвор, соопшти денеска Судот во Шпанија.

Тој е еден од деветмината каталонски водачи, на кои им е одреден притвор додека се чека евентуалното судење поради одржувањето референдум за независност на Каталонија.

На Вила, кој се повлече од каталонската Влада пред едностраното прогласување независност, вчера му беше одобрена кауција од 50.000 евра.