Македонија
16. January 2020 - 11:20

Еден од повредените во сообраќајката на Кула, пренесен во Скопје

Шестмина повредени е билансот од верижниот судир на шест возила кој утринава се случи на автопатот Велес Скопје. Еден од повредените е препратен на лекување во скопските клиники.
Поради несреќата, речиси три часа е затворен за сообраќај овој патен правец.
Според првичните неофицијални информации, причини за сообраќајката е густата магла и голомразица на мостот каде се случила несреќата.
 
Зоран Јаневски