Македонија
21. September 2016 - 19:44

Еден од најстарите манастири во Македонија воведение на Пресветеа Богородица Елеуса во Вељуса го одбележа големиот христијански празник Мала Богородица

Еден од најстарите манастири во Македонија  ,, Воведение на Пресветеа Богородица Елеуса,, во Вељуса го одбележа големиот христијански празник Мала Богородица. Празникот посветен на раѓањето на мајката Божја беше повод стотици верници од целата држава уште од синоќа да се упатат во Вељуса да и оддадат почит , но и да присуствуваат на целоноќното бдение, служба која целосно е посветена на Пресвета Богородица.

,, Самиот овој ден не е празник само како раѓање на една личност во историјата, туку тој е празник би рекол за целото човештво затоа што со раѓањето на Пресветата владичица наша Богородица, всушност и започнува домостројот на нашето спасение.,, вели отец Григориј

И оваа година дворот и манастирската црква беа претесни да ги соберат големиот број верници за кои ова е еден од најзначајните и најголеми празници.  Велат доаѓаат да го одбележат празникот, да запалат свеќа и да се помолат за здравје за нив и нивните блиски.

,, Секоја година доаѓаме, свечено, најубав ден. Богородица сите да не чува од сите лоши работи.,, рече еден од вернииците

,, Секоја година доаѓаме, убав ден, Богородица.,, вели друг верник

,, Нека ни е вечен празникот и за многу години. Сите христијани да си го пречекаме здрави и живи. Доаѓаме да оддадеме почит, за здравје за деца, за нас , за целата фамилија.,, вели трет верник.

,, Тоа е најголем празник за нас струмичани тука во манастирот во Вељуса и многу е духовно и убаво да се доаѓа секоја година за мајка Богородица.,, вели верник

,, Колку повеќе вербата ја имаме во себе, толку повеќе сме богати и толку преовладува човечноста и разбирањето меѓу луѓето.,, рече еден од верниците

Во Вељуса празникот посветен на раѓањетона мајката Божја се одбележува оддамна како слава на селото, но по востановувањето на монашкиот живот во манастирот кој датира од 1080 година одбележувањето започнува  вечерта спроти празникот со целоноќно бдение, а завршува со литургија и причест.