Џет-Сет
7. February 2018 - 22:17

Еден од најпознатите хитови на Цеца не е посветен на Аркан, туку на овој познат Србин за кого требала да се омажи

Светлана Цеца Ражнатовиќ има повеќе од успешна кариера, а старите хитови и ден денес се пеат. Секако една од најпознатите песни на Цеца е “Пустите ме да га видим” од 1990. година, а поради оваа балада публиката на сите концерти рони солзи.

Меѓутоа она што е помалку познато е тоа на кого ја посветила оваа песна Цеца. Иако години наназад се зборува дека песната му е посветена на Аркан, вистината е дека се работи за друг човик. Се работи за поранешен дечко на Цеца, фудбалер на Црвена Ѕвезда Владан Лукиќ.

Како што се зборува, Цеца и Владан наводно биле и верени, а до разделба дошло поради заминувањето во војска на Владан.

Инаку ќерката на Владан правела свадба во саботата, а на веселбата пеела Цеца. Она што е занимливо е тоа дека Цеца тогаш проговорила за врската со Владан.

– Јас дојдов тука преку врска од 30 години, кога јас и Владан се запознавме, тој знаеше со кого треба да се забавува, со пејачка. Шала на страна, Сара сакала денеска да пеам јас. Гледам дека сте добро расположени – искоментирала Цеца.