Свет
7. April 2020 - 11:02

Еден од најострите критичари на Меркел, бара сите да ја поддржат германската Влада

Еден од најострите критичари на германската канцеларка Ангела Меркел и кандидат за нов шеф на нејзината ЦДУ Фридрих Мерц рече дека во криза сите граѓани мораат да ја поддржат Владата. Мерц беше заразен со коронавирусот, но беше излекуван.

-Имавме тешка фаза пред кризата. Имаше многу лоши резултати на изборите. Но, тоа сега е минато и во криза, населението треба да застане заедно со својата Влада, а тоа важи и за мене, изјави германскиот политичар за германската телевизија РТЛ.

Тој ја потврди позицијата на канцеларката дека не е можно брзото враќање во нормалност.

Мерц рече дека експертите велат дека бранот на инфекција допрва треба да дојде.

-Ова значи дека долго време ќе мора да живееме со мерките за заштита, и потоа, полека, ќе можеме да се вратиме во нормалниот живот, рече тој.

Мерц очекува да се преземат соодветни чекори најрано до 20 април. – Оваа влада добро ја работи својата работа. Како жител на оваа држава, поради тоа морам да кажам дека и покрај кризата, добро спијам.