Свет
12. July 2018 - 15:11

Еден од хероите: Ова дете имало важна улога во спасувањето- со една важна вештина им помогнало на своите другари

Приказната за 12-те деца кои заедно со својот фудбалски тренер 18 дена беа заробени во пештера на Тајланд ја дозна целиот свет.

Сега сите се на безбедно и се лекуваат во болница. Во меѓувреме, се собираат впечатоци и се откриваат помалку познати детали за драмата на Тајланд.

Во групата од 12 деца на возраст од 11 до 17 години, еден од нив, 14 годишниот Адул Сам-Он имал доста важна улога во спасувањето.

Имено, Адул имал тешко детство затоа што е роден во племе во Мјанмар кое е познато по трговија со дрога.

 

Затоа што неговите родители сакале да му обезбедат подобар живот, се преселиле на Тајланд кога имал 6 години.

Кога тргнал во училиште, набрзо станал најдобар ученик, а добрите оценки и успесите на спортските натпреварувања му донеле стипендија.

Меѓу останато, тој течно говори пет јазици, англискиот, таи, бурмански, мандарински и ва (јазикот со кој се служат припадниците на етничката група Ва, во Кина и Бурма).

Баш тоа му овозможило да комуницира со спасувачите. Кога се појавил првиот нуркач Британец, Адул разговарал со него објаснувајќи му дека се гладни. Исто така, прашал колку долго се во пештерата и кога ќе можат да излезат.

Тоа секако им ја олеснило комуникацијата, ако ништо друго, затоа што се волонтери и спасувачи од сите краеви на светот се собраа на Тајланд како би им помогнале на децата.

Инаку, местото Мае Саи, каде дечињата играат фудбал се наоѓа во т.н. Златен триаголник, каде што се сретнуваат Тајланд, Мјанмар и Лаос.