Македонија
25. August 2020 - 20:31

Еден новозаразен и еден оздравен од Ковид-19 во Дебар, се чекаат резултати од 15 тестови

Во последното деноноќие во Дебар регистран е еден случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата се зголеми на 242 лица, од кои 191 во втората фаза од болеста.

– Вчера имавме четири, денеска еден случај позитивен на Ковид-19. Бројот очекуваме да се зголемува бидејќи воопшто не се почитуваат препораките за заштита. Кафулињата се преполни, се одржуваат веселби, како во домашни услови, така и во ресторани. Луѓето се групираат, а при тоа не носат заштитни маски, ниту одржуваат дистанца. Поради тоа опасниот вирус, сега слободно можам да кажам, дека го имаме насекаде, на целото подрачје, во двете општини и Дебар и Центар Жупа, вели епидемиолот Ментор Меља.

Посочи дека во последните 24 часа има и едно оздравено лице, а се уште активни на болеста се 77 лица.

– Поголемиот процент се со полесна форма на болеста, дел се лекуваат амбулантски во Општата болница во Дебар, а 10 лица се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје. Затоа, не апелирам, туку ги молам сите строго да ги почитуваат препораките за заштита, бидејќи само така ќе можемме да ја ублажиме актуелната епидемиолошка состојба, да се заштитиме себеси, своите најблиски, пријатели, роднини, соседи, истакна д-р Меља.

Додаде дека се очекуваат резултати од 15 земени тестови на сомнителни случаи.