Фудбал
24. January 2017 - 15:07

Еден милион од Коритиба за Роналдињо

Бразилецот Роналдињо нема намера да стави крај на кариерата, откако договори едногодишна соработка со Коритиба.
 
Роналдињо кој со Бразил стана светски првак во 2002 година, а со Барселона триумфираше во Лигата на шампионите, во Коритиба ќе заработи еден милион евра, а клубот е должен да му обезбеди куќа во близина на стадионот и луѓе кои ќе се грижат за неговата безбедност.
 
Легендарниот Бразиелц во кариерата има настапувано за ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Куеретаро и Флуминенсе.