Loading Video...
Ф1
25. November 2017 - 17:06

Еден-два стартни места за Мерцедес во Абу Даби

 
 Возачите на Мерцедес ќе стартуваат од првите две позиции на трката во Формула 1 шампионатот, која утре ќе се вози за Големата награда на Абу Даби.
 
Ова е исходот по денешните квалификации, на патеката „Јас Марина“ каде утре ќе се вози последната трка од годинашната сезона. 
 
Валтери Ботас ќе ја има пол-позицијата, а веднаш зад него од второто стартно место ќе почне Луси Хамилтон. 
 
Пилотите на Ферари и Ред Бул ќе бидат веднаш зад болидите на Мерцедес.
 
Од вториот ред, трката ќе ја започнат Себастијан Фетел на Ферари и Даниел Рикардо од Ред Бул, додека од третиот ред ќе стартуваат, Кими Раиконен (Ферари) и Макс Верштапен (Ред Бул).
 
Оваа издание на трката во Абу Даби ќе мине без натпреварувачки карактер, барем што се однесува до трофеите, бидејќи веќе одамна титулата кај возачите ја обезбеди Британецот, Луис Хамилтон, а во тимска конкуренција неговиот Мерцедес.