Loading Video...
Ф1
14. April 2018 - 13:55

Еден-два стартни места за Ферари

Тимот на Ферари ќе ги има двете водечки стартни позиции на утрешната трка за Големата награда на Кина. 
 
На утринските квалификации, Себастијан Фетел оствари најдобро време, па ќе ја има пол-позицијата, веднаш пред клупскиот колега Кими Раиконен. 
 
Со нешто повеќе од половина секунда послаб резултат вториот стартен ред го запоседнаа возачите на Мерцедес и тоа  Валтери Ботас пред  Луис Хамилтон.
 
По нив од петта до десеттата позиција се пласираа Макс Верстапен, Даниел Рикаирдо, Нико Хулкенберг, Серхио Перез, Карлос Саинц Јуниор и Роман Грожан.
 
Главната трка за кинеското Гран при ќе почне утре во 9 часот по македонско време.