Loading Video...
Ф1
30. September 2018 - 15:31

Еден-два победа за Мерцедес во Сочи

 
Тимот на Мерцедес оствари еден-два победа на трката во Формула 1 шампионатот возена попладнево во Сочи. 
 
Луис Хамилтон е победник на руското Гранд-при, завршувајќи ја 16-тата трка во првенството, пред клупскиот колега Валтери Ботас. 
 
Зад болидите на Мерцедес, завршија нивните конкуренти од Ферари, и тоа, Себастијан фетел го освои третото, а Кими Раиконен четвртото место. 
 
Хамилтон за кој ова беше трета победа во низа и вкупно осма сезонава, сега се зацврсти на врвот во генералниот пласман со 281 бод,  што е за 40 повеќе од конкурентот за титулата Фетел (241). По нив следуваат, Раиконен и Ботас со 174 односно 171 бод. 
 
Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози следната недела (7 октомври) за Големата награда на Јапонија.