-->
-->
Еден детаљ ги издал: Меган Маркл и принц Хари го чекаат првото дете
-->
Последното патување на принцот и Маркл крие тајни пораки кои укажуваат на тоа дека кралскиот брачен пар го очекува своето прво дете.
Имено, за време на дружењето со обожавателите кои возбудено ги дочекаа Хари и војвотката, една од присутните фанови му поставило незгодно прашање на Хари за татковството.
„Мојот сопруг исто така има црвена коса, а ми подари пет деца. Кога ти и Меган ќе го направите своето?“, прашала љубопитната госпоѓа.
Нејзиното духовито и ни малку суптилно прашање го насмеало Хари, па принцот се издал:
„Пет деца? Тоа е премногу.“
Покрај тоа што Хари проговорел за неговите потомци, неговата сопруга Меган Маркл направила еден гест во Даблин кој би можел да им оди во прилог на гласините за нејзината бременост.
Во текот на забавата што се одржувала за време на нивната посета, војвотката од Сасекс ја подигнала чашата за шампањ за да наздрави, но медиумите пренеле дека се воздржала од земање голтка и дека само ја доближила чашата до устата.
Фактот што Меган одбегнува да пие алкохолни пијалаци секако може да е знак за тоа дека кралскиот пар наскоро ќе ја објави среќната новост.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација