Живот
30. December 2017 - 17:50

Еден ден децата ќе ми бидат благодарни: Здравко Чолиќ за прв пат искрено проговори за децата и сопругата

Пред 16 години го изговори судбоносното „ДА“ заедно со Александра, која му ги подари наследниците Уна и Лара, а сега реши да каже нешто повеќе за нивниот однос и како работите функционираат во семејството на славниот пејач. 

- Тешко е да се каже кој е построг во нашата куќа, дали мојата сопруга или јас. тато е слаб, а мама е силна, а тато треба повеќе да ја следи мама. Ние сме во тој период со ќерките кој го нарекуваат  „луди години“, само на нив сега им е попшутено и децата се повеќе заштитени. Ограничувања мора да постојат, вака започна неговата исповед Здравко Чолиќ кој летово наполни 66 години. 

- Мора да се знае кое е родител. Ако сега не поставите вистинска граница, еден ден вашите деца ќе ви бидат благодарни за тоа. Жената е секогаш столбот на куќата, така било некогаш, така е и сега. Жената може подобро да ја држи куќата отколку мажот, иако е тој кој воглавно заработува и одговорен е за економскиот просперитет, додал Чола.