Свет
9. May 2017 - 9:18

Еден човек почина, а 422 лица се хоспитализирани поради високите температури во Јапонија

Најмалку еден човек починал како последица од топлотен удар, додека 422 лица поради истата причина се под лекарски надзор од минатата недела во Јапонија, соопшти денеска главната противпожарна управа, што е надлежна и за дејствија при вонредни ситуации.

Од почетокот на мај, Јапонците во поголемиот дел од архипелагот чувствуваат вистински летни горештини. Температурите достигнуваат и до 30 степени Целзиусови. 

Минатата година во Јапонија од топлотни удари починаа над 100 лица, а десетици илјади лица беа лекувани во болница.