Еден час се чека на „Евзони“, на „Богородица“ десетина минути
Еден час на „Евзони“ и десетина минути на „Богородица“, толку се чека на граничните премини, а интензитетот на сообраќајот е зголемен поради празничниот викенд.
Како што велат од дежурната служба на граничниот премин „Богородица“, туристите од земјава и странство кои патуваат кон летувалиштата на Егејско море чекаат само десетина минути додека се извршат задолжителните царински и полициски формалности.
Од граничната полиција потврдија дека чекањето е подолго на грчката страна од границата каде во неколку колони возилата и патниците за да поминат на „Евзони“, чекаат и по еден час.
Двата гранични премина не се споени со колони возила, но видливо е дека на спротивната страна од границата колоните се протегаат точно до каменот што ја означува граничната линија меѓу Република Северна Македонија и Република Грција
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.