Македонија
13. јуни 2018 - 21:55

Ечи македонската химна пред Собранието - граѓаните гордo ги веат македонските знамиња

Во моментов пред Собранието на Република Македонија се пее македонската химна, а насобраните граѓани гордо ги веат македонските знамиња.

Граѓаните се уште доаѓаат пред Собранието каде што пред два часа започна големиот протест против промена на името во Република Северна Македонија.