Loading Video...
Свет
19. јуни 2021 - 19:43

Ебрахим Раиси е новиот претседател на Иран

Ултаконзервативецот Ебрахим Раиси е новиот претседател на Иран.

За 60 годишниот свештеник и актуелен шеф на иранското правосудство гласале 17, 8 милиони гласачи, од 28,6 милиони Иранци кои вчера излегле на изборите.  

Медиумите коментираат дека Раиси победил благодарение на поддршката од врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Аналитичарите велат дека Раиси нема да го продолжи умерениот курс на Рохани, кој по два мандати немаше право на повторна кандидатура.