Бизнис
1. October 2020 - 12:22

ЕБОР прогнозира пад од 5% на македонската економија годинава и раст од 3,5% во 2021

Годинава пад од 5 проценти, догодина раст од 3, 5 отсто. Европската банка за обнова и развој ги објави најновите прогнози за македонската економија.

Слични се проекциите и за останатите земји од Западен Балкан. Ваквите бројки главно се темелат на лошите резултати во работењето на туристичкиот сектор, угостителството, падот на странските дирекни инвестиции и дознаките од странство.

Претходно ЕБОР прогнозираше пад за македонската економија од 3, 5 проценти и раст од 5,5 отсто во 2021та година.

Годинава најголем раст се очекува да има Црна Гора.