Бизнис
21. February 2016 - 15:40

ЕБОР организира инвестициска средба на високо ниво за држави од Западен Балкан

Премиери, министри политичари и бизнисмени од држави од Западен Балкан ќе учествуваат в понедленик во Лондон на средба организирана од Европската банка за обнова и развој.

Средбата има за цел да претстави можности за инвестиции и водење бизнис во ЈИЕ, како и поддршка на директни странски инвестиции и прекугранични проекти.

Тоа е втора таква средба организирана од ЕБОР. Првата се одржа во февруари 2014 година.