ЕБОР: Македонската економија ќе продолжи забрзано да расте
Македонската економија ќе продолжи да расте со интензивна стапка, и со зголемување од 3,5 отсто оваа и следната година, наведува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во денеска објавениот извештај Регионална економска иднина.
Растечките бројки во делот на извозот, значително зголемени во првата половина од годината, според извештајот, се главниот двигател на ваквите економски резултати, кои се едни од најдобрите во регионот. Меѓутоа, се посочува, значајни негативни ризици произлегуваат од внатрешно-политичките проблеми и големиот раст на јавниот долг.
Растот на целиот регионот се очекува да се забави за само 0,2 отсто оваа година, од 1,8 отсто во 2014 година. Умерен раст од 1,6 отсто се очекува следната година.
Истакнато е и дека бегалската криза која остро се засили годинава влијае врз економиите на голем број земји. Транзитните земји во Југоисточна Европа, кои обезбедуваат медицинска и социјална заштита, храна, вода и сместување за бегалците, како што е наведено, се соочуваат со логистички и фискални предизвици.
- Економиите во Југоисточна Европа, исто така имаат придобивки од квантитативното олеснување во Европа, послабото евро и пониските цени на нафтата. Генерално, се очекува растот да почне да се зголемува во 2015 година, а да се одржува во 2016 година, се вели во извештајот Регионална економска иднина.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација