Македонија
18. November 2019 - 16:27

ЕБОР ги засади јапонските цреши што ги исече Шилегов

ЕБОР го обнови дрворедот од Јапонски цреши со 18 нови стебла на улицата МАксим Горки. Откако градските власти ги исекоа дрвјата под изговор дека биле болни и опасни за минувачите, вработените на европската банка донираа млади стебла. Оваа акција на ЕБОР е во рамките на Зелената недела, акција  која ја спроведуваат во цела Европа.

– Во нашата канцеларија во Скопје решивме всушност да засадиме дрвја. Знаеме дека загадувањето на воздухот е една од главните грижи на Скопјани. Ние сакавме да дадеме свој придонес кон оваа борба, како луѓе, како членови на оваа канцеларија. Ние се обративме до општината да видиме каде може да придонесеме со садници и многу сме среќни што слушаме дека всушност може да дадеме придонес со засадување дрвја од типот јапонски цреши на улица како оваа. Ние сме многу среќни и резултатот го гледаме тука денеска.

Скопскиот градоначалник пак тврди дека се дел од есенската акција и ќе бидат засадени уште 32 јапонски цреши на некој од булеварите. За сечата на дрворедот ги обвини претходниците, бидејќи засадиле стари дрвја и  наместо да ги одржуваат тие граделе објекти наоколу.

  „ Габично заболување, зошто не биле превземени сите мерки. Ги направивме сите можни обиди. Пролетва констатиравме дека секоја битка е не возможна. Набавени се 50 стебла на јапонски цреши. Дел се овде, дел ќе поставиме на еден од булеварите, вели Шилегов

„ Ова е само еден пример како се грижиме за зеленилото на територија на град Скопје и оплеменување на секое катче каде постои можност за тоа. Се надевам дека и во иднина ќе продолжи поддршката од општествено одговорните институции..., изјави градоначлникот на Општина Центар.

ВМРО ДПМНЕ ги обвини градоначалниците на СДСМ дека сечат дрвја низ цело СКопје и казната ќе ги стигне на изборите во април. ТЕЛОП ВМРО ДПМНЕ  Доколку сепак Шилегов има дупка во меморијата, па не се сеќава што правеа Златко Марин и Стефан Богоев пред неколку месеци, ние ќе го потсетиме со фото и видео материјал како се сечеа дрва за да се градат згради,  токму од него и неговите градоначалници.

Сечењето на јапонските цреши беше остро осудено од јавноста. Првично, скопскиот и градоначалникот на Центар, излегоа со различни образложенија. Според Шилегов сечата била неопходна бидејќи дрвјата заболеле поради хемикалија, која фирмите од улицата ја користеле за чистење. Богдановиќ пак, тврдеше дека црешите се исушиле при вршењето на градежните активности на околните згради.