Loading Video...
Ракомет
21. August 2021 - 11:52

Е. Пелистер домаќин на Мешков Брест во 1/4 финалето на СЕХА лигата

Вечерва во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го играат првиот меч од четвртфиналето на СЕХА лигата  Пелистерци се домаќини на белорускиот првак Мешков Брест во првиот натпревар четвртфиналната рунда во СЕХА лигата.
 
Иако составот на Мешков Брест е поголемо искуство во регионалната конкуренција, сепак од таборот на Е. Пелистер најавуваат дека се подготвени да направат исчекор повеќе, па дури и да обезбедат место на Фајнал-форот. 
 
„Мешков Брест е многу добар противник, кој минатата сезона беше четвртфиналист во Лигата на шампионите.Во последно време веројатно е најсилниот противник кој дошол во Битола. Спремни сме и желни да се натпреваруваме и верувам дека можеме до добар резултат без обзир што се тим од Лигата на шампионите и имаат силен тим“, изјави тренерот на пелистерци Жељко Бабиќ
 
Натпреварот што ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток од  20:15 часот ќе мите без присуствуваат на публика, поради Ковид-19 мерките. 
 
Доколку пелистерци го минат Мешков Брест и се пласираат на фајнал-форот во Задар, можное е во полуфиналето да се сретнат со Вардар која пак во четвртфиналната рунда ќе игра против ППД Загреб, чија прва средба ќе се игра во Скопје во четврток (26 август)