Живот
6. March 2019 - 14:17

Ѕвер од 4 метри прошета по голф терен во Флорида: Овој алигатор невозможно е да не го забележите!

Марк Шер се возил по теренот за голф кога одеднаш здогледал огромен алигатор.

Рептилот од неколку метри преминувал преку патеката и влегол во вода. Се протнал под оградата и одел по својот пат.

Како што се наведува, се работи за алигаторот Лари кој е добро познат во Браунвуд, на Флорида. Долг е речиси 4 метри, а престојува во едно езерце.