Македонија
29. March 2021 - 15:26

ДЗС: Зголемен бројот на основци и средношколци во 2020/2021 во споредба со претходната учебна година

На почетокот на тековната учебна 2020/2021 година бројот на ученици во редовните основни училишта е 187 555, што е зголемување за 0.2 отсто во однос на претходната учебна година, соопшти денеска  Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, во редовните средни училишта на почетокот на оваа учебна година бројот на ученици е 71 811, што е зголемување за 2.6 отсто во однос на 2019/2020 година.

ДЗС соопшти податоци за бројот на основни редовни и специјални училишта, основни училишта за возрасни, редовни и специјални средни училишта и средни верски училишта, како и податоци за основци и средношколци според возраста и полот и според изучувањето странски јазик.