ДЗС: За една година просечната месечна бруто-плата зголемена за 5,5 отсто
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април годинава во однос на април 2017 година е повисока за 5,5 отсто.
Ваквото зголемување, како што се наведува, се должи пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен (32,1 отсто), преработувачка индустрија (13,1 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,3 отсто).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите рударство и вадење камен (13,3 отсто), административни и помошни услужни дејности (4,1 отсто) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 отсто).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април годинава изнесува 35.117 денари.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно