Македонија
26. December 2016 - 12:47

ДЗС: Во Македонија има 1.205 основни и средни училишта

Во Македонија во 2016 година има вкупно 1.205 основни и средни училишта кои својата образовна дејност ја извршуваат во 1.342 училишни згради.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), од нив 89,5 отсто се за основно, а 10,5 отсто за средно образование, а најголем процент, односно 93,2 отсто од основните и 95,3 отсто од средните се редовни училишта. 

Од 1.342 училишни згради 984 се изградени, реконструирани, санирани или адаптирани  во периодот меѓу 1998 и 2016 година.