ДЗС: Во 2017 година 22,2 отсто од населението сиромашно
Во 2017 година стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 22.2 отсто или околу 460 илјади граѓани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Основа на пресметките на сиромаштијата, како што соопштуваат од ДЗС, се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.
Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца
возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20 отсто. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9.0 отсто додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7 отсто.
Според ДЗС, Gini коефициентот, мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите, изнесува 32.5 отсто.
Стапката на сиромаштија е поголема во однос на претходната година кога изнесувала 21,9 отсто или околу 445 илјади граѓани биле сиромашни.
Ново на Сител
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска