Македонија
24. September 2021 - 19:48

ДЗС тврди дека пописот се одвива без проблеми, канцеларии за попишување ќе има и во општините

Речиси 1.400.000 илјади граѓани се попишале до денеска.  Слаб е одзивот од дијаспората, од каде, според статистика, обврската ја исполните нешто над 195 илјади лица. Од ДЗС велат дека оваа статистичка операција се одвива непречено и без застој, а попишувачите се на терен. Но има домаќинста кои не биле дома  кога попишувачот поминал. Затоа од државната статитика од утре ќе отворат пунктови во општините, каде граѓаните ќе можат да ја исполнат обврската

Од Владата апелираат, граѓаните да се попишуваат, затоа што податоците кои ќе се добијат се значајни за креирање на политиките за развој на државата.  Операцијата трае до 30 ти септември.

Последниот попис беше спроведен во 2002 та година, кога бројот на население изнесуваше 2,022,547 граѓани.