Бизнис
4. October 2017 - 20:29

ДЗС: Раст на извозот од почетокот на годината до август од 14%, август/јули бележи пад од над 8%

Извозот паѓа трет месец по ред. Во август, според денешното соопштение на државната статистика се намалил за 8,2% споредено со јули. Во овој месец пад имало и во зоните. Директорот на дирекцијата за развојни зони, Александар Младеновскки за Сител вели дека овој пад е нормален за овој период од годината затоа што најголем дел од компаниите од автомобилскиот сектор во Европа имаат колективен одмор, па не работат ни македонските фабрики кои се нивни добавувачи. Генерално, од почетокот на годинава извозот е во пораст.  За осум месеци од 2016 зголемен е за 14.1 % споредено со лани. Ист е трендот и во зоните.

Падот од август веќе беше надоместен во септемрви  и работата на фабриките во зоните оди според предвидената динамика. Младеновски вели дека се очекуваат неколку нови фирми во многу скоро време.

Трендот на паѓање на извозот почна во мај годинава. Тогаш за еден месец биле извезени стоки во врендост од 428 милиони 722 илјади евра. Во август годинава бројката паднала за 379 милиони 090 илјади евра. Истовремено, постои негативен тренд и кај производствто, а па експертите и бизнис заедницата бараат итни мерки од Владата за помош на реалниот сектор.