Македонија
29. August 2017 - 10:08

ДЗС: Повеќе склучени, но и разведени бракови во вториот квартал годинава

Бројот на склучените бракови во вториот квартал од годинава бележи зголемување за 7,8 проценти во споредба со тој период од 2016 година. Во овој период се склучени 3.447 бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статсистика. 

Речиси двојно поголемо зголемување во истиот период бележат и разведените бракови. Во ова тримесечје од годината се разведени 436 бракови што, според ДЗС е зголемување од 13,5 проценти во споредба со истиот период од 2016 година.