Македонија
2. December 2017 - 15:07

ДЗС: Постои опасност од излевање на водата од некои речни корита

Покачување на нивото на водата забележано е на реките Треска, Радика, Сатеска, Кичевска, по горниот тек на Вардар во атарот на селото Раотинце, како и на нивните притоки, соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според нив, на одредени места постои опасност од излевање на водата надвор од речните корита.

Од ДЗС велат дека будно ја следат состојбата на терен, и дека силите за заштита и спасување се во состојба на зголемена мобилност, поради најавите за интензивирање на врнежите од дожд наредните денови.  

- Подрачните одделенија за заштита и спасување, во соработка со единиците на локална самоуправа, извршија увид на критичните точки на водотеците. Се преземаат мерки за спречување на појава на поплави, информираат до ДЗС и нагласуваат дека се во постојан контакт и соработка и со другите надлежни субјекти од системот за заштита и спрадување во државата.