Бизнис
7. March 2017 - 20:28

ДЗС: Пад на индустриското производство во јануари за 2,6%

Политичката криза го топи индустрискиот раст. Во јануари годинава индустријата бележи пад од 2,6% споредено со јануари минатата година. рударството паднало за 7,2% во исиот период, а преработувчката индустрија која е локомотива на секторот за 3,6%.

Негативата е уште поголема ако се споредуваат јануарските бројки со просекот за минатата година. Статистика пресметала дека падот во јануари споредено со просекот за 2016 година изнесува 21%, а кај преработувачите минусот е дури 30%. Ова значи дека економијата која две и пол години време одолеваше на притисокот од политиката, веќе почнува да ги покажува првите сериозни знаци на слабеење.

Бизнисмените одамна апелираат разумот да надвладее и кризата да биде надмината. Велат последиците ќе бидат уште поголеми во иднина.

Експертите велат дека макеоднската економија има потенцијал. Прогнозите за раст од над 3% кои доаѓаат не само од домашните институции туку и од Европската комисија се остварливи, но само ако завршат политичките превирања.

Според различни проекции растот годинава треба да надмине 3%, а догодина да забрза до 3,8%, но во сите прогнози се наведува дека основен услов за раст е крајот на политичката криза.