Македонија
7. March 2021 - 13:58

ДЗС: Оваа седмица попишани вкупно 32.752 лица од дијаспората

Во текот на првата седмица од најголемата статистичка операција попишани се вкупно 32752 лица од дијаспората, информира Државниот завод за статистика (ДЗС).

ДЗС појаснува дека секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Како што посочија во соопштение, проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира.

-Бројот на попишани расте секој ден. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено. Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат, се наведува во соопштението на ДЗС.

Како што посочуваат, иселениците можат да се самопопишат до 21 април.