Бизнис
23. April 2018 - 19:24

ДЗС: Намалена просечната плата во февруари за речиси 900 денари

Намалена е просечната плата. За еден месец просечното примање на македонските работници паднало за близу 900 денари. Според пресметките на статистика, просечната плата во февруари изнесувала 23.158 денари, еден месец претходно таа за прв пат надмина 24.000 денари.

Од Министерствто за финансии велат дека месечниот пад е од сезонски карактер, карактеристичен за февруари.

- Просечната плата во февруари има годишен раст од 3,6%. Кумулативно за првите два месеца покажува раст од 4,6% во однос на истиот период лани, стои во објаснувањето од МФ.

Статистичките податоци покажуваат дека во февруари, спореднео со јануари, пад има во сите сектори. Најсилен пад од над 7500 денари има во секоторот уметност, забава и рекреација. Во јануари овие работници во просек заработувале 28566 денари, во февруари 21.028 денари. Поголем пад има во рударството. За еден месец просекот се стопил за 3200 денари, во транспортот за 2900, снабдување со електрична енергија 2500 денари.