Македонија
29. October 2019 - 16:57

ДЗС најавува тужба за клевета против Мицкоски – ВМРО-ДПМНЕ и натаму обвинува за фингирање на податоците

Неточни и лажни се информациите на лидерот на опозицијата Мицковски дека сатистиката фабрикува извештаи по налог на власта. Директорот Симовски денес  со писмена изјава  одговори на вчера поставените прашања. Државниот завод во целост ги отфрла  и демантира изјавите и шпекулациите на Мицковски, затоа ќе поднесат тужба за клевета.  Од опозицијата пак велат: Наместо да се заканува со тужби, директорот Симовски да каже колку вработени си дале отказ, затоа што не сакале да ги штимаат бројките, посебно за БДП и државниот долг.

Државната Статистика  наместо одговори, се заканува со тужби бидејќи  беше објавено дека до ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат сведоштва од вработени, актуелни и поранешни вработени, за фабрикување и испорака на резултати потеркот на потребите на власта, а со цел да се стекнат со подобри стартни позиции до делот на обезбедување на средства за буџетот, но и за други политики коишто ги води оваа власт во заминување, изјави Наум Стоилковски, ВМРО ДПМНЕ

Поради најавените избири за април,статистиката до Министерството за правда ќе предложи Попистот на населението ќе се одложи за април 2021 година,  а Законот за попоис да биде донесен пред формирање на техничката Влада, се вели во писменото соопштение на директорот на државната статистика. Вчера  евроамбасадорор Жбогар повика  пописот да се одржи што поскоро - најдоцна до крајот на 2021 година. Истовремено повика стистистиката да се управува професионално и без политички влијанија.