Бизнис
30. March 2016 - 19:38

ДЗС: Индустриското производство во февруари со раст од 15,2 %

Раст на индустриското производство од 15,2% евидентира заводот за статистика во февруари во однос на истиот месец лани. Ова е зголемување од над 7 % во однос на минатиот месец кога статистика забележа раст од 8 отсто.

Според податоците, доминантен е растот кај капиталните производи каде има зголемување за 54 отсто. Додека по сектори, клучната, преработувачка индустрија бележи пораст од 19%.

Растот кај оваа индустрија  најмногу се должи на зголеменото производство во одделот за производство на прехранбени производи, машини и уреди како и продукцијата на електрична опрема, моторни возила, приколки и полуприколки.

Опаѓање од 18 % има кај трајните производи за широка потрошувачка.

Индексот на индустриско производство во првите два месеци годинава во однос на истиот период лани изнесува 11,7 %.