Македонија
12. September 2021 - 13:12

ДЗС: До вчера попишани над 300.000 граѓани

Процесот на попишување продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, со што заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, попишани се 308 551 лице, информира денеска Државниот завод за статистика (ДЗС), додавајќи дека само вчера биле попишани 114 308 лица.

– Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, се наведува во соопштението на ДЗС.

Од таму посочуваат дела попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираат до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.

– Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас, се додавао во соопштението на Државниот завод за статистика.