Македонија
28. October 2015 - 13:43

ДЗС: Анкети вршат само овластени анкетари

Државниот завод за статистика соопшти дека спроведува низа истражувања во кои извештајни единици се домаќинствата и лицата-членови на тие домаќинства.

За спроведување на анкетите во Државниот завод за статистика постои анкетарска мрежа. Анкетарите се обучени и овластени од страна на Државниот завод за статистика за спроведување на анкетите, односно за анкетирање на домаќинствата и сите членови во нив.

Анкетарите имаат овластувања потпишани од  директорот на Државниот завод за статистика и само овие анкетари кои при посетата на домаќинството имаат обврска да се легитимираат и да го покажат овластувањето, можат да го спроведат анкетирањето.

Државниот завод за статистика ги информира граѓаните дека само оние анкетари кои ќе се легитимираат и ќе го покажат овластувањето се овластени од страна на ДЗС и Заводот стои зад нивната работа.

Доколку граѓаните сакаат да го проверат идентитетот на анкетарот, можат да го контактираат Државниот завод за статистика на следниот линк http://www.stat.gov.mk/Contact.aspx