Македонија
26. January 2017 - 15:07

ДЗС: Ангажирана дополнителна механизација за справување со снежните наноси

Ангажирана дополнителна градежна механизација за справување со снежните наноси, по барање на локалната самоуправа во Зелениково, Чучер Сандево и Липково, информриаат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во регионите зафатени со снежни наноси, како што се наведува во соопштението на ДЗС, ангажирани се четири градежни машини.

Од ДЗС, исто така, информираат дека се подготвени дополнително да се ангажираат во справувањето по снежните наноси на поголем дел од територијата на Македонија.