ДЗС: 22.481 домаќинство корисници на социјална парична помош
Во 2019 година во земјава имало 15.376 малолетни и вкупно 50.159 поолнолетни корисници на социјална заштита. Во истиот период регистрирани се и 22.481 домаќинства, корисници на социјална парична помош, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имале услугите на социјална работа кои изнесуваа 49,7 отсто, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имаа услугите за социјална заштита кои изнесуваа 84,1 проценти.
Според ДЗС, во 2019 година, 22.481 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош. Со Законот за социјална заштита, од 2019 година се воведе гарантирана минимална помош. Во 2019 година, бројот на корисници на гарантирана минимална помош изнесуваше 22.126.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација