Џет-Сет
22. December 2017 - 21:25

Ѕирнете во луксузниот дом на Жељко Јоксимовиќ

 
Жељко и Јована Јоксимовиќ пред неколку години купија пентхаус во елитниот дел на Белград, каде што живеат со синот Коста и близначките Срна и Ана.
 
Во текот на долгогодишната кариера, Жељко имаше голем број на концерти и албуми, а кога ќе се врати од настап и после напорниот ден мирот го наоѓа во семејниот дом во Белград.
 
Неговиот стан зрачи со луксуз, Жељко и неговата сопруга Јована се погрижија за секој детал. Се е направено според најновите трендови за внатрешен изглед, а во домот преовладува белата боја. Посебно место завзема белото пијано, а она што може да се забележи е дека има многу семејни фотографии на децата на Жељко – ќерката Мина и синот Коста.
 
Погледнете ги фотографиите од луксузниот стан: