Балкан
30. January 2018 - 11:03

Ѕимас: Можен домино ефект ако не успеат преговорите за името со Македонија

Познатиот грчки експерт за Балканот, Ставрос Ѕимас, во авторски текст во весникот „Катимерини“ пишува за можноста од домино ефект во регионот доколку не успеат преговорите за името на Македонија и изразува стравување од можна поделба на Македонија меѓу соседите Албанија и Бугарија. 

- „Што ќе се случи доколку, да претпоставиме, се „замрзнат“  преговорите за името? Дали оваа земја ќе продолжи да го користи името Поранешна Југословенска Република Македонија, со кое е примена во ОН и со кое ја прифативме и ние, Грците. Пред меѓународните организации таа ќе продолжи да се нарекува БЈРМ и да фигурира под името „Република Македонија“ во нејзиниот однос со речиси 120 држави, кои веќе ја признале под уставното име и кои најверојатно ќе бидат и повеќе“.

„Што ќе добиеме доколку не отидеме  на компромис за сложено име? Ќе останеме национално горди, зашто не „сме го продале името“, а доколку сојузниците на самитот во јули го поканат Скопја да поднесе барање за членство во НАТО и тоа се случи со нејзината денешна рефернца ПЈРМ, ние ќе ставиме вето, ќе славиме, а Американците и европејците ќе бараат начини да не заобоколат и ПЈРМ ја качат на нивната кочија“, смета авторот.

Тој, исто така, анализира дека доколку Скопје прибегне кон вето пред Меѓународниот суд во Хаг, тогаш е можно група земји да поднесат барање во ОН со цел да се ддобие конечното име за ПЈРМ и резултатот од тоа да биде шлаканица за Грција.

- „Доколку тоа не се случи, има и други полоши нешта - да падне владата на  Зоран Заев, земјата да потоне во интровертност, да се активира етничкиот судир меѓу Албанците и славомакедонците, да се активираат центрифугалните сили, а Албанците и славомакедонците да бидат потиснати кон Тирана и Бугарија“, вели Ѕимас.

Според него, картата на Балканот се менува долж нивната северна граница, првично де факто, а потоа и де јуре, во зависност од настаните и процесите. На тој начин се создава една Голема Албанија и една Голема Бугарија, Србите и Турците се конфронтираат, ние брзаме да му „помогнеме“ на малцинството од 700.000 Грци во ПЈРМ, како што кажаа говорниците од митингот во Солун, и потоа се придвижува кошмарниот домино ефект. Во тој случај, што ќе правиме ние, Грците. Почнуваме да ги колнеме странците за тоа дека ни се нафрлиле, бараме етнички предавници и гордо одиме кон амбисот. Можеби тоа е згодно за оние кои не сакаат да сфатат што се случува надвор од нивниот сопствен дом, смета Ставрос Ѕимас.