-->
-->
Ѕидот меѓу САД и Мексико ќе чини 21,6 милијарди долари
-->
Ѕидот на границата меѓу САД и Мексико ќе чини 21,6 милијарди долари, а за негова изградба ќе бидат потребни околу 3.5 години. Тоа се вели во внатрешен извештај на Министерството за внатрешна безбедност.
Посочената сума е многу над првично искажаната од претседателот Доналд Трамп – 12 милијарди долари за време на претседателската кампања.
Се очекува извештајот да биде претставен од министерот за внатрешна безбедност Џон Кели во следните денови, јавуваат американски медиуми кои имале увид во документот.
Анализите се дека до крајот на 2020 година да бидат изградени околу 2.000 км од ѕидот. Досега со заштитна ограда се „покриени“ 1.046 км од границата. Трамп потпиша Указ за градење на ѕидот на 25 јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација