Македонија
5. јуни 2017 - 16:40

Џузепе Ротуно - Добитник на Златна камера 300 за животно дело

Неизвесно е одржувањето на 38то издание на фестивалот „Браќа Манаки“.
Реномирананиот меѓународен филмски настан е предвиден во периодот од 23 до 30 септември, но од Агенцијата  филм се уште немаат потпишано договор за организација на фестивалот. Од друштвото на филмски работници велат проблемот настанал откако на конкурсот се појавила уште една апликација со намера да го организира Браќа Манаки што според нив е непримерен чин.

- Со Агенцијата за филм не можеме да дојдеме до никкава нормална комуникација за да им објасниме дека фестивалот мора да се подготвува многу подолго отколку што тие замислуваат. Ние навремено конкуриравме навремено, во декември, на распишаниот конкурс за фестивали и манифестации,  со целата потребна документација. Меѓутоа, иако законскиот рок предвидува за 60 дена Агенцијата да одговори дали ќе ја прифати или ќе ја отфрли нашата апликација, поминаа шест месеци а од нивна страна немаме никаков одговор, изјави Роберт Насков.

Од Агенцијата за филм реагираат, нема да дозволат да се наруши реномето на филмскиот фестивал. Договор не е потпишан, бидејќи од двата апликанти на конкурсот е  побарано да достават дополнителна документација, но се уште нема одговор, вели директорката на агенцијата. 

Дoбитник нa годинашната Злaтнa кaмерa 300 зa живoтнo делo на најголемиот филмски фестивал во Македонија  Браќа Манаки е Џузепе Ротуно. Италијанскиот кинематографер на своја 94 годишна возраст е родоначалник на повоениот италијански филм. Ротуно има снимено голем број антологиски филмови меѓу кои е неговото ремек дело „Амаркорд“ во соработка со режисерот Федерико Фелини.

Ротуно од оправдани причини со оглед на неговата возраст нема да дојде во Битола информираше директорот на фестивалот. Наградата ќе му биде врачена во неговиот дом во Рим.