Свет
26. October 2016 - 14:08

„Џунглата“ од Кале ќе биде дислоцирана до вечер

Префектот на Кале, Фабиен Буксио денеска изјави дека нема сомнежи оти дислокацијата на дивиот мигрантски камп во градот, позната под името „Џунглата“ ќе биде завршена до вечер, јави дописникот на МИА од Париз.

- Сите мигранти ќе бидат згрижени. Крајот на дислокацијата без сомнеж ќе биде вечерва, рече Буксио.

Претходно, екстремнодесничарскиот Национален Фронт побара оставка од Буксио, поради изјавата дека палењето на живеалиштата во „Џунглата“ била традиција на Авгансиатнците кога ги напуштале своите домови.